Спасени пет деца и еден возрасен кои биле завеани во Рајчани, Кочанско

Пет малолетни лица и еден возрасен останале заглавени поради снегот во селото Рајчани, во Општина Кочани. По добиеното повик на бројот 112, веднаш се организирани надлежните служби за извлекување на заглавените лица.

„Во 9:53 часот добиена е пријава преку бројот за итни повици 112 за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во Рајчани и не можат да се спуштат во Кочани. Врзана е комуникација со СВР Штип, ПС Кочани, контактното лице од Општина Кочани, градоначалникот и Доброволна спасителна служба „Осогово“ од Кочани за координација на активностите“, соопшти Центарот за управување со кризи.