Средба на градоначалникот Пецаков со австрискиот амбасадор Памер

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков  денеска оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Австрија во земјава Н. Е. Мартин Памер.

На состанокот се разговараше за зајакнување на соработката меѓу Охрид и  австриската покраина Тирол  којашто има донирано  возила  и опрема за  ТППЕ во градов. Се разгледуваа можностите за поддршка на планинските спасителни служби.

Двете страни разменаа идеи и за восподставување и блиска соработка во повеќе општествени сфери помеѓу Охрид и градови од Австрија.