Српскиот премиер Вучевиќ поднесе оставка

Српскиот премиер Милош Вучевиќ во вторник поднесе оставка.

Како што објасни, одлуката ја донел по нападот врз студентите во Нови Сад.

Вучевиќ најави дека во текот на денот оставка ќе поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

„Градоначалникот на Нови Сад и јас се сметаме себеси за објективно одговорни за она што се случи во Нови Сад и за тоа доброволно ја плаќаме политичката цена“, рече Вучевиќ.

Тој ќе биде вршител на должноста премиер до изборот на нов.

„Во овој момент целата Влада е во технички мандат, со оставка на премиерот паѓа целиот кабинет, практично целата Влада е во оставка. Ние ќе си ја работиме работата одговорно додека не се избере нова Влада или додека да се донесе нова или поинаква политичка одлука“, рече Вучевиќ.

Тој додаде дека разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ и дека тој ја прифатил неговата одлука.

 

 

slobodnaevropa.mk