Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е само прашање на време кога ќе дојде до поголема криза на Косово.
Тој вели дека нема да има напредок во понатамошниот дијалог доколку Косово не почне да ја исполнува обврската од Бриселскиот договор од 2013 година за формирање Заедница на српски општини. Српскиот претседател не верува дека ќе има напредок со Приштина во однос на проблемот со регистарските таблички, но се надева на решение на проблемот со документите.
„Дали ќе биде 1 или 10 септември… Од 1 септември почнуваат да го менуваат (регистрациските) таблички, а рокот им е два месеци… можете да замислите какви тензии ќе има во тие два месеци“, изјави Вучиќ.
Косовската влада најави дека по едномесечно одложување под притисок на САД од 1 септември ќе почне да ја спроведува одлуката за пререгистрација на косовските возила со српски регистарски таблички и издавање документ за влез-излез на српските државјани.
foku.mk