СУТКОЗ при ССМ бара од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да ја преиспита одлуката на ново назначениот в.д директор на ЈП Водовод и канализација Скопје за прекин на договорите за вработување на преку 100 вработени ЈП Водовод и канализација Скопје во услови на светска економска и енергетска криза и неизвесност на глобално ниво и да не дозволи да останат на улица преку 100 фамилии на наши колешки и колеги работници.
Исто така СУТКОЗ при ССМ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности остро се спротиставува на незаконските прераспоредувања на работниците во ЈП Водовод и канализација Скопје со задолженија и наредби што е едностран акт на директорот и е недозволиво знаејќи дека на нивно место исто така се назначуваат други работници со задолженија и наредби.
Овие решенија / задолженија не нудат никаква правна сигурност на работниците и прават сомеж дека директорот прави реваншизам на вработените од само за него познати причини.
СУТКОЗ и ССМ секогаш се залагаат и се борат договорите и решенијата за прераспоредување да бидат законски со двостран акт – договори за вработување помеѓу работниците и работодавачите и затоа бараме итна средба со в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје како и со Градоначалничката на Град Скопје за да спречиме дополнителни штети кон работниците во оваа светска, економска и енергетска криза и неизвесност!
извор: ССМ