Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во вечерашното гостување во „Емисијата 200“ на Алсат зборуваше за аферата „Тајни имоти“ која е во врска со функционери власта кои немаат поднесено анкетни листови, при што се осврна и на предлозите кои ги даваше ВМРО-ДПМНЕ во минатото за да се спречат ваквите злоупотреби.
„123 именувани функционери кријат имот. Не е имотот даден на увид, ниту е испочитувана законската обврска да поднесат анкетен лист до ДКСК и поминува рокот од 3 месеци и никој не реагира. Некои од нив се дури и втор пат избрани, втор мандат за определена функција и се уште немаат. Како ќе поровериме ние дали има раст на неговиот имот законски или не?“, истакна Стоилковски.
На прашање дали ВМРО-ДПМНЕ би поддржало закон за потекло на имот со цел да се спречат ваквите злоупотреби, Стоилковски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е иницијатор на таков закон, но власта иако помпезно ги најавува законските решенија, нема волја за нивно донесување.„Ние сме иницијатори за поднесување на таков закон уште од 2018/19/20. Ова е трета година каде што ние слушаме за некоја драфт верзија на таков закон. Еве сега ќе искористам дел од прес на Антонио Милошоски кој вели: „ Би сакал првин една кратка реплика на колегите од владеачкото мнозинство. Навистина е несериозно да се држи вонредна прес конференција на премиерот Ковачевски на 28-ми септември, а до ден денеска да ги немаме во Собрание законите кои што тој така итно ги најави“. Значи има помпа за предлагање на закони и тие законски решенија не се доставени“, истакна Стоилковски и додаде:
„Ние поднесувавме и барања и инициравме и инициравме драфт-верзии на предлог закон за „ветинг“, односно проверка на имот не само на судии и јавни обвинители, туку на сите функционери. Оној што ќе се најде со недозволено, односно несразмерно богатство во однос на примањата што ги имал, дека не би требало да се занимава со политика. Ова го кажувам вака од сеќавање, нешто што беше пред 3 години, во 2019 година кога за прв пат се спомна. Имаше и работни групи на таа тема. Ние поднесовме и драфт-верзија, правевме и трибини, имавме и јавна кампања за поднесување на еден таков момент правен, но нема волја кај мнозинството“, додаде Стоилковски.
извор: ВМРО ДПМНЕ