ВМРО-ДПМНЕ се уште нема одлучено дали ќе учествува во техничката влада што треба да биде избрана на 28 јануари и чиј премиер согласно предлогот на ДУИ треба да биде Талат Џафери, изјави партискиот портпарол Наум Стоилковски.
Во следниот период телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесат одлука и дали ќе се учествува и евентуално со кои имиња би се учествувало во таква влада – рече Стоилковски во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата пред Владата.
Тој нагласи дека СДСМ и прави штета на државата што не го прифати нивниот предлог за укинување на проектот „пржинска влада“ за, како што рече, Талат Џафери да го стават за премиер.
Деспотот од Форино е лик познат во јавноста од неговите кршења на закони и процедури, до снимките со неговите сочни пцости и испади, што никако не е материјал за премиер на држава како Македонија во криза. Но, Македонија со СДС мора да трпи затоа што Мала Речица, Али Ахмети и Артан Груби така му наредиле на Димитар Ковачевски. Тоа е и единствената причина зошто се уште во Македонија постои срамен проект наречен пржинска влада, и зошто нема промена на изборниот модел – посочи Стоилковски.
Прашан дали би го гласале ли Јован Митревски за претседател на Собранието, Стоилковски рече дека тоа е не битно во моментот.
Важно е дека Талат Џафери по избор на Мала Речица и со една уцена од ДУИ кон СДС ќе биде премиер во следниот период без никаков легитимитет – потенцира Стоилковски.
За изјавата на ДУИ дека следен проект им е шеф на државата, Стоилковски рече дека следен проект на ДУИ е заминување во длабока опозиција.