Страшна вест од Турција: Пронајдени 16 тела во хотелски урнатини, загинати млади одбојкари

Премиерот на Северен Кипар потврди дека од урнатините на хотелот „Исијас“ се извлечени телата на 16 одбојкари.

 

Екипите на млади одбојкари броеја вкупно 39 лица.

„Ги пронајдовме телата на уште четири наши деца кои беа членови на колеџот Фамагуста Мариф за време на претресот и оваа операција беше спроведена во урнатините на хотелот „Исијас“. Со оваа загуба, вкупниот број на жртви на граѓаните на Северен Кипар е 16“, се наведува во соопштението на претседателството на оваа земја.

 

Досега е потврдена смртта на 19 лица од овој хотел, оваа информација ја пренесе „hurriyet.com.tr“.

 

Идентитетот на сите загинати се уште не е утврден, а спасувачката екипа на Северен Кипар веќе е на местото и помага во потрагата.

 

Екипа од 170 луѓе, составена од спасувачи и семејства на луѓе кои биле во хотелот, веќе е на терен.

 

nova.rs