Експлозија во магацин за огномет во областа Елин Пелин, Бугарија.
Огнената стихија денес ја намалува својата моќ – воениот хеликоптер „Кугар“ почна да патролира во реонот на складиштето за огномет кај Елин Пелин, кое од вчера гори откако се случи експлозија. На местото на настанот пристигнале и две возила на Специјалниот противтерористички одред (СКТ).
Од тешки изгореници во четвртокот починал 49-годишен маж, а неговата 20-годишна ќерка синоќа им подлегнала на повредите, јавуваат бугарските медиуми.
Како што информираат од болницата Пирогов, и покрај укажаната лекарска помош, девојчето кое имало изгореници на 85 отсто од телото, им подлегнало на повредите, пишува порталот Новините.