Струмичани го слават Денот на заштитниците на градот, Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

По тој повод, синоќа (вторник, 10 декември), во 16:00 часот во Црквата „Свети Петнаесет“ во Струмица се одржа Вечерна Богослужба, а во 18:00 часот во Манастирот „Свети Леонтиј“ во Водоча се одржиаСвечена академија.

Денес (среда, 11 декември) од 08:30 часот во Црквата што го носи името на заштитниците на градот Струмица, ќе се одржи Света Божествена литургија.

Свечената седница на Советот на општина Струмица ќе започне во 11:00 часот во НУЦК „Антон Панов“, на која ќе бидат доделени и традиционалните Годишни награди и Наградата за животно дело „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ на општина Струмица за 2024 година.

 

 

 

 

 

drnka.mk