Студентите од тетовскиот универзитет ќе протестираат – бараат отстранување на професорката Мехмеди

Во среда од 14 часот на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, пред Градската библиотека, студентите ќе протестираат, против, како што се вели во настанот на Фејсбук, „заканите и постојаното малтретирање кое Бесијана Мехмеди го прави врз студентите веќе неколку години“.

Дополнително, во настанот се посочува дека протестот се организира по „десетици етички и законски прекршувања од професорката на факултетот“.

„Не бараме ништо повеќе од Универзитетот во Тетово, освен итна суспензија од функцијата вонреден професор“, пишува во Фејсбук настанот.

Како што пренесува телевизија „21“, студентите веќе излегоа на протест пред неколку дена, а веќе три недели ги бојкотираат предавањата на професорката.