Како човек, би купил лекови надвор од буџетот со сета одговорност што следи потоа, за да се спаси живот. Но, како одговорно лице во ФЗОМ ви кажувам тоа е надвор од законот, рече Сугарев.
-Од 2008 година до денес гледам записници од контроли во здравствените установи. Во 90 отсто има ненаменско трошење. Бев во состојба додека бев директор, во тие 6 месеци, да забранам директорот да купува лекови бидејќи нема одобрени пари. Јас не сакав да се ставам во улога да забранам да се купи лек и да осудам некој на смрт, рече Сугарев и додаде дека на Фондот му требаат повеќе пари за да дава поголеми буџети на јавните здравствени установи, рече Сугарев на денешната Анкетна комисија за случајот „Онкологија.
Фото: Архива