Девојчето со крофните, 11-годишната Нина Нинковиќ од Нови Сад успеа во својата хумана акција да собере пари за лекување на нејзиниот татко. За само еден ден собрани се 1,5 милион динари од продажбата на крофните и таткото на Нина може да оди на преглед во Москва, објави plusinfo.mk.
Движењето „Крени-Промени“, кое вчера организираше продажба на крофни за Нина на плоштадот во Нови Сад, објави дека е направен првиот чекор во лекувањето на таткото на Нина.
– Само од вчерашната акција што ја организиравме на плоштадот во Нови Сад, беа собрани 1,5 милиони динари (без СМС и семејната сметка), што е доволно таткото на Нина да замине во Москва на преглед. Дури по прегледите во Москва ќе може да се утврди точната сума потребна за целосно лекување. Акцијата за собирање пари за лекување ќе продолжи, а за сите понатамошни активности ќе бидете информирани преку Инстаграм профилот на семејството Нинковиќ кој ќе биде отворен денеска“, соопштија од движењето Крени-Промени, пренесува Нова.рс
Иако првиот ден продала само седум крофни, малата Нина не се откажала од намерата да му помогне на својот болен татко.
– Нина Нинковиќ продаваше крофни заедно со нејзината мајка за лекување на болниот татко. Нина првиот ден продала само седум крофни, но не се откажала. Нејзината љубов, вера и упорност наредниот ден успеаја да извлечат стотици луѓе кои трпеливо чекаат во редици, додаваат од движењето Крени-Промени.