Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе разговара со својот кинески колега за повеќе прашања, вклучувајќи ја и војната во Украина, соопшти Белата куќа.
Телефонскиот разговор е закажан за 9 часот по источно време (14 часот по средноевропско време), а Вашингтон веќе им се закани на пониските кинески владини претставници, приватно и јавно, дека поголема поддршка за Русија значи ризик од изолација на Пекинг.
Пекинг одби да го осуди својот близок сојузник Русија за инвазијата на Украина, истовремено обвинувајќи ги САД и проширувањето на НАТО на исток за ескалација на тензиите.
„Двајцата лидери ќе разговараат за управувањето со конкуренцијата меѓу нашите две земји, како и за војната на Русија против Украина и за други прашања од заеднички интерес“, се вели во соопштението на Белата куќа.
извор/фото: агенции