Телма: Енвер Беџети, известител за пресудата на Мијалков која девет месеци ја чувал во фиока, е најсериозен кандидат за нов врховен судија

Енвер Беџети, известителот за пресудата на Мијалков, девет месеци ја чувал одлуката во фиока, но е најсериозен кандидат за нов врховен судија, објави Телма. 

Во петчлениот совет во Апелација, со кој претседавал Јани Нича, судијата Енвер Беџети бил известител кој со месеци ја одолговлекувал пресудата за „Тврдина таргет“ и масовното прислушување, дознава Телма од судски извори.

Јавната расправа за случајот е одржана во март, а судијата известител е должен во рок од 60 дена да ја подготви пресудата и да ја даде на верификација кај останатите членови на советот. Но, наместо два месеца, одлуката била криена девет месеци до почетокот на декември. На рочиштето, четворица судии гласале „за“, судијката Тања Милева имала издвоено мислење за одлуката, брифираат за Телма судски извори.

Текстот во целост на: Телма.