Околу 4 илјади ирански граѓани пристихнале во Техеран од Сирија по соборувањето на сирискиот претседател Башар Ал Асад, додека буновниците го зазедоа Дамаск.
„Во текот на изминатите три дена, 4.000 ирански граѓани беа вратени во Иран“, изјави портпаролка на иранската влада, Фатемех Мохаџерани, на прес-конференција во главниот град.
Според официјалните податоци, во Сирија во последните години живееле околу 10.000 ирански граѓани.
slobodnaevropa.mk