Во судир меѓу автобус и камион на главниот автопат на западот на Словачка повредени се 37 лица, соопшти денеска словачката полиција.
Поради сообраќајната несреќа затворен е делот од патот кој ја поврзува словачката престолнина Братислава со соседна Чешка, јави АП.
Детали за сериозноста на повредите на повредените сè уште не се објавени, но спасувачите навеле дека некои патници се тешко повредени.
Полицијата ги истражува причините за судирот.
Фото: АП