тешка сообраќајна несреќа на обиколницата околу Скопје во близина на клучката Орман

Вчера околу 07.40 часот во СВР Скопје, била пријавена тешка сообраќајна несреќа на обиколницата околу Скопје во близина на клучката Орман.

Имено патничко возило „хјундаи“ со тетовски таблички, управувано од 63-годишниот А.В. излетал надвор од коловозот.

„На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, се вели во полицискиот билтен.

 

 

 

Skopjeinfo.mk