Товарен брод со повеќе од 3.000 тони пченка од Украина вчера се насука во Истанбул, поради што беше запрена пловидбата во Босфор.
Ова е прв ваков инцидент по потпишувањето на договорот во јули за извоз на жито од блокираните украински пристаништа.
Канцеларијата на гувернерот на Истанбул и бродската компанија соопштија дека 173-метарскиот брод „Лејди Зехма“ бил безбедно закотвен по дефект на кормилото околу 16 часот по средноевропско време.
Во инцидентот нема повредени.
kurir.mk