Актерот Том Сајзмор (61), најпознат по улогата во филмот „Спасување на војникот Рајан“, итно бил пренесен во болница во Лос Анџелес откако околу два часот по полноќ бил пронајден во несвест во неговиот дом, пренесува TMZ.
Менаџерот Чарлс Лаго им откри на медиумите дека Сајзмор претрпел аневризма на мозокот и дека е во критична состојба. Лекарите се борат за неговиот живот, а шансите за целосно закрепнување се уште се неизвесни.
Со текот на годините, актерот имаше многу проблеми со злоупотреба на дрога и конфликти со законот. Тој во повеќе наврати бил апсен за семејно насилство и поседување недозволени супстанци.
И покрај тоа, тој изгради многу успешна кариера и се појави во неколку хит филмови, меѓу кои и Saving Private Ryan и Black Hawk Down, Born to Kill и The Heat.
index.hr