На улица Јурија Гагарина бр. 39 во Нов Белград утрово во 8.40 часот било пронајдено тело на маж, кој според очевидци имал околу 65 години.
Првите резултати од истрагата укажуваат дека се работи за самоубиство, односно дека мажот скокнал од терасата на станот.
На лице место се сите дежурни екипи, а наскоро се очекува да започне истрагата по што ќе бидат познати деталите за оваа трагедија.
Ова не е изолиран случај и речиси и да нема денови кога не се случуваат вакви или слични несреќи, а сето тоа поради тешката финансиска состојба на поголемиот дел од населението, пишуваат Српските медиуми.