Две лица додека вчера попладне изведувале градежни работи во тетовското село Шипковица, А.А.(63) од тетовско Селце и Џ.Ц. (50) од Република Албанија се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале.
-Лекари од Итна медицинска помош констатирале смрт. На местото на несреќата биле присутни пожарникари и претставници од Државниот трудов инспекторат, информира МВР.
Извршен бил увид од јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.
фото: Архива