Трамп потпиша извршна наредба за задолжително докажување на американско државјанство при гласање

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се бара граѓаните да приложат доказ за американско државјанство при регистрација за гласање, јавува Анадолу.

„Комисијата за помош при избори на формуларите за регистрација на гласачите ќе бара документ издаден од владата како доказ за американско државјанство“, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Оваа наредба ja зајакнува верификацијата на државјанството на гласачите и спречува странски државјани да се мешаат во изборите во САД“, се додава во соопштението.

Дополнително, наредбата им наложува на федералните агенции, вклучително и на Министерството за внатрешна безбедност и Администрацијата за социјално осигурување, да им овозможат на сојузните држави пристап до федералните бази на податоци за верификација на подобноста за гласање.

Со оваа мерка се условува и финансирањето на изборите од федералните власти со почитување на мерките за интегритет, како што е користењето национален формулар за поштенска регистрација на гласачи, што ќе бара доказ за државјанство.

Дополнително, се предупредува дека ќе бидат преземени мерки против сојузните држави кои ги бројат гласачките ливчиња примени по денот на изборите во федералните избори.

„Федералното финансирање за избори ќе зависи од усогласеноста со овие правила.“

„Ќе ги поправиме нашите избори за да бидат чесни и транспарентни, за луѓето да знаат дека нивниот глас е навистина избројан. Ќе имаме слободни и фер избори. Идеално, ќе преминеме на гласање со хартиени ливчиња, гласање во еден ден, задолжителен доказ за државјанство и лична идентификација при гласање – многу едноставно“, изјави Трамп.

„Ќе ги обезбедиме нашите избори и тие ќе бидат сигурни еднаш засекогаш“, додаде тој.

 

извор: АНАДОЛИЈА