Трамп сака да разговара со Путин и Зеленски за да се стави крај на „масакот“

Трамп сака да разговара со Путин и Зеленски за да се стави крај на „масакот“.
За време на прес-конференцијата во понеделникот, идниот жител на Белата куќа посочи дека сака да разговара и со шефот на Кремљ и со украинскиот лидер.

Целта на овој разговор би била да се запре „масакот“ на војната во Украина. „Ќе разговараме со претседателот Путин и ќе разговараме со Зеленски и со украинските претставници. Мора да го запреме ова, тоа е крвопролевање“, изјави Доналд Трамп од својот дом на Флорида.

извор: НОС Холандија