Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот план за Појасот Газа, според кој САД ќе ја преземат контролата врз палестинската територија што ќе биде испразнета од нејзините жители за да може повторно да се изгради, не бара „брзање“.
-Апсолутно нема брзање – рече американскиот претседател.
Тој изјави дека Газа „ќе биде предадена на САД од Израел на крајот на борбите“.
Во денешното кратко обраќање пред новинарите во Овалната соба, Трамп рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела.
-Веројатно ќе се видиме следната недела – рече тој.
Повтори дека има намера да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин.
fokus.mk