Три недели по трагедијата во Нови Сад, во Србија се уапсени 11 лица, меѓу кои и министерот за градежништво во оставка

Црвен отпечаток од дланка и порака: „Убијци, рацете ви се крвави“. Тоа е печатот што демонстрантите во Србија веќе три недели го оставаат на улиците и пред институциите. Бараат одговорност за 15 загинати и двајца тешко повредени во несреќата што се случи при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Помеѓу обврските на универзитетот и стручната пракса, студентката Мила Пајиќ неуморно работи со своите колеги на смислување нови акции – блокирање мостови, улици, повици за солидарност и граѓанска непослушност. Тие се решени да не дозволат да помине уште една голема трагедија без одговорност.

Но, непосредно пред една од блокадите, Мила и нејзината колешка Доротеја Антиќ биле приведени на информативен разговор. Според Мила, тоа повеќе личело на киднапирање од страна на параполиција отколку на приведување.

„Нѐ опколија шест мажи облечени во црно кои ни рекоа да одиме со нив. Одбив да одам, бидејќи ниту се претставија ниту дадоа легитимација. Но, ме кренаа, ме однесоа во црн џип, ме ставија во тој автомобил и тргнавме во непознат правец“, вели за ДВ Мила Пајиќ.

Во разговорот биле прашани кој ги организирапротестите и што подразбираат под радикализација на протестите и граѓанска непослушност, која ја најавија како продолжение на протестите. И тоа траело четири часа. За тоа време нивните родители и адвокати ги обиколувале полициските станици во обид да откријат каде се нивните деца – безуспешно. Дури откако пријавиле исчезнување, Мила и Доротеја биле ослободени.

„И МУП и БИА им рекле дека не сме во ниту еден систем. Нашите имиња ги нема во ниту еден протокол, не е направен записник од разговорот. Значи, или било направено нешто надвор од протоколот, или некоја трета страна, некоја параполиција ги користела просториите на БИА“, вели Пајиќ.

Не се знае ниту колкумина се уапсени
Во последните три недели во Србија, според ист модел, беа приведени десетици луѓе, вклучително и опозициски политичари, активисти и студенти. Полицијата не одговори на прашањата на ДВ за точниот број на уапсени и за кривичните дела за кои се товарат. Она што ѝ е познато на јавноста е дека најмалку 15 од нив сѐ уште се во притвор.

„Сите се во малку полоша здравствена состојба. Ги јадат стеници, ладно им е, немаат соодветна облека, немаат соодветна храна и немаат соодветни информации што се случува надвор“, вели Мила Пајиќ. На еден од колегите му испратиле албум со фотографии од протестот за да му го одржат духот.

Голема поддршка од своите колеги постојанод обива и студентот на Академијата за уметности, Реља Стојановиќ. За време на протестот тој се обидел да ја одбрани својата девојка која била нападната од непознати лица. Се испостави дека се работи за полицаец во цивилна облека, па Стојановиќ сега е обвинет за напад на службено лице при вршење на должноста.

Поради него, меѓутоа, на протестот се приклучи речиси целата актерска сцена во Нови Сад. Сега во театрите во Нови Сад стана дел од редовен ритуал актерите да се обраќаат пред претставата и да бараат одговорност за жртвите од несреќата на железничката станица и ослободување на граѓаните кои се приведени поради учество во протестите.

 

 

DW