Туркије: Наставникот по визуелни уметности гради бродови од оревови лушпи

Неџати Џем Бати, кој живее во местото Јакакент во турската област Самсун, ги трансформира лушпите од орев во минијатурни бротчиња, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бати, кој е наставник по визуелни уметности во Мултипрограмската гимназија „Анадолу“ во Јакакент, во слободното време си создал хоби од оревите што ги собира.

Размислувајќи што би можел да прави со лушпите од оревите, Бати се одлучил да гради бродови. Почнал да изработува пиратски и воени бродови кои имал можност да ги види во филмовите или во анимираните филмови од лушпи од ореви.

Бати, откако ќе ја испразни внатрешноста на оревите, користејќи пинцета, остатоците од чкорчиња, памучна крпа (американско платно), силикон, рибарски конец и јаже, лушпите од ореви ги претвора во едреници, од кои поголемиот дел им ги подарува на своите најблиски.

Одговарајќи на прашањата на новинарот на АА, Бати рече дека ужива да прави бродови од оревови лушпи.

Раскажувајќи дека има интерес кон бротчињата бидејќи потекнува од рибарски град, Бати рече: „Јакакент е мал рибарски град. Бротчињата и чамците ги гледам од денот кога сум се родил. Размислувајќи, на ум ми падна идејата, зошто да не направам бротчиња од оревови лушпи? Си го реков тоа и на крајот ова произлезе од таа идеја.“

Говорејќи дека седум години прави бротчиња и чамци од лушпи од ореви и дека неговите први чамци изгледале помали и поедноставни, Бати истакна дека со текот на времето напредувал во изработката на бротчињата.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).