Турци, иселеници од Приштина во Истанбул, три генерации „се чувари на времето“

Со семејството Ајдиноглу, кое живее во населбата Бејоглу во Истанбул, новинарот на Агенција Анадолу разговараше за нивната миграциска авантура, животот на косовските иселеници во Истанбул и нивниот придонес за овој градот и неговата култура.

Изјавувајќи дека часовничарскиот занает го научил од дедо му, Ајдин Ајдиноглу рече дека по доселувањето во Истанбул ја продолжил професијата на дедо му и татко му и додаде: „Ние сме деца на иселеничко семејство. Во 1963 година, во нашата татковина Туркије имигриравме од Приштина, главниот град на Косово. Всушност, условите за живот во Косово не нѝ беа многу лоши, но дојдовме тука затоа што ја гледавме Туркије како наша татковина. Нашето семејство ја работи оваа професија речиси 110 години и јас сум третата генерација на оваа традиција“.

Објаснувајќи ја причината за мигрирање од Косово во Истанбул како тешкотијата да се живее како муслимани во регионот во тоа време и нивното гледање на Туркије како нивна татковина, Ајдиноглу истака:

„Таму бевме Турци, тука сме Арнавути. Баба ми од страна на татко ми почина зборувајќи турски, не знаеше албански. Исто беше и од страната на мајка ми, албански знаеја, но затоа што таму живееја. Всушност ние по потекло сме Турци. Во тоа време голем број муслимани од Косово мигрираа во Туркије“.

– „Иако сме иселеници, ние сме потомци на Османлиите, ние сме вистински Турци“

Ајдиноглу рече дека кога пристигнале во Истанбул, како и денес, многу етнички групи во градот живееле заедно, а во областа каде што се населиле најмногу тргувале со Грците и Ерменците, со кои живееле заедно.

Посочувајќи на фактот дека професијата часовник во тоа време најчесто ја практикувале немуслимани, Ајдиноглу рече дека бидејќи неговото семејства било иселеничко, во почетокот биле гледани како „странци“ и „немуслимани“.

„Во тоа време моите дедовци и татко ми се сметаа за странци затоа што доаѓаа од странство и затоа што оваа професија генерално ја работеле странци, но тоа е сосема погрешно. Ние сме припадниците на Турците кои Османлиите ги земале од Коња и ги населиле на Косово со цел да ја донесат цивилизацијата на балканските земји, кои потоа се вратиле по распадот на Отоманската империја. Значи, иако сме иселеници, ние сме вистински Турци“, раскажа Ајдиноглу.

Тој рече дека мултикултурната структура на Истанбул како и во минатото постои и денес, но дека во тоа време кон разликите меѓу луѓето постоела потолерантна и попочитувана социјална структура.

Раскажувајќи дека во тие години, трговијата се правела со разбирање целосно засновано врз доверба, без разлика на јазикот, религијата или расата, Ајдиноглу продолжи со зборовите:

„Погледнете го Бејоглу денес. Доколку тука некој еснаф го прашате ‘Нешто ми заглави во грлото, можете ли да ми дадете вода?’, ќе се обиде да ви ја наплати водата. Ги загубивме нашите човечки вредности и нашата совест. Жално е дека сме во таков период. Апсолутно и дефинитивно квалитетот на луѓето е сменет. Една од најважните причини за тоа е динамичната космополитска структура на Истанбул. Важен фактор тука е и миграцијата. Миграцијата е неизбежна реалност. Како што нашите луѓе мигрираат на Запад, нашата земја исто така е земја за имигранти, но треба да прифатиме луѓе кои можат да се интегрираат со нашите вредности за да не биде засегнат ничиј живот“.

– „И покрај дигиталната трансформација, луѓето сè уште претпочитаат квалитетни часовници“

Ајдиноглу нагласи дека професијата часовничар почнала да се менува со дигитализацијата бидејќи се ослабени човечките и културните вредности, а интересот за механичките часовници е намален и додека неговиот дедо и татко не можеле да ги извршат сите нарачките во нивното време, денес работите се многу далеку од тој интензитет.

Раскажувајќи дека во минатото многу напорно работеле за време на празниците и месецот Рамазан, Ајдиноглу рече:

„Порано тоа беа многу напорни периоди. Особено за време на празникот Рамазан на поправка се носеа домашните часовници. Една година поправивме 200 часовници во пресрет на празникот Рамазан. Имаше толку многу работа што поради постот, бајрамските молитви, не можевме да ја завршиме работата навреме. Денес пак, новите телефони значително ја намалија работата“.

Зборувајќи за ‘Улицата на филмските работници’, каде што се наоѓа неговата продавница, дека некогаш била честа дестинација на актерите и статистите на турските Евергрин филмови, Ајдиноглу истакна:

„Ова беше ‘Улица на филмските работници’. Секое утро, 100-150 луѓе, актери и статисти од филмовите од тој период, минуваа низ нашата улица. Дури и кога имаше сообраќај на улицата ‘Истиклал’ (Независност), оваа улица речиси секогаш беше преполна“.

Истакнувајќи дека интересот за производство на часовници е намален, Ајдиноглу разговорот го заврши со зборовите:

„Сè уште ја продолжуваме нашата работа благодарение на љубителите на часовници. Часовничарскиот занает денес се соочува со опасност од исчезнување. И покрај дигиталната трансформација, луѓето сè уште се осврнуваат кон квалитетните часовници. Луѓето кои користат квалитетни часовници нè наоѓаат, а ние им обезбедуваме услуга. Старите мајстори секогаш имаат работа затоа што можеме да ги поправиме деловите, можеме да го поправиме тоа што е скршено. Доколку не можеме да го направиме тоа, работата ќе се префрли во странство. Имаме клиенти, но ако трансформацијата продолжи со ова темпо, тешко ќе се најде сервисер на часовници за 70-80 години.“

 

извор: АНАДОЛИЈА