Турција поднесе барање до УЕФА за домаќин на ЕВРО 2028

Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) соопшти дека ја предала кандидатурата до Европската фудбалска организација (УЕФА) за одржување на Европското фудбалско првенство 2028 во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

„ТФФ поднесе официјална пријава за кандидатура до УЕФА за домаќин на Европското фудбалско првенство во 2028 година. УЕФА одлуката за домаќин на ЕВРО 2028 ќе ја донесе по проценка на барањата на земјите кандидати во наредниот период“, се наведува во соопштението.

Кандидатурата за домаќин на ЕВРО 2028 заеднички ја поднесоа Велика Британија и Ирска, односно фудбалските сојузи на Англија, Северна Ирска, Шкотска, Велс и Република Ирска.

Рокот за пријавување е 23 март, а ниедна друга земја досега официјално го нема потврдено својот интерес за домаќин на ЕВРО 2028.

Конечната одлука за местото на одржување на Првенството ќе биде донесена во септември 2023 година.

извор: Агенција Анадолија (АА).