Полицијата синоќа во 23 часот на ул. „Перо Наков“ го лишила од слобода Д.А.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека во домот „Ранка Милановиќ“ во Скопје, каде престојувал, предизвикал пожар, при што бил опожарен дел од објектот, информира Министерството за внатрешни работи.
Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информира МВР.
извор: МВР