Шест члена на организирана криминална група се уапсени поради постоење основно сомнение дека сториле кривични дела Здружување заради извршување кривични дела и посредување во проституција, соопшти српската полиција.
Уапсени се Ј.Д.(1973), Д.К. (1959), А. С. (1982), Ж. Ш. (1983), B. Г. (1993) и Д. M. (1989).
Српската полиција се спомнева дека од септември 2022 до мај 2023 година врбувале жени да се занимаваат со проституција, а потоа изнајмувале станови на територијата на Белград каде што жените биле со клиенти, објавија српските медиуми.
Приведените се обвинети и за организирано рекламирање проституција преку социјалните мрежи, подведувајќи повеќе од 10 девојки на кои им организирале превоз до клиентите. Медиумите објавуваат дека полицијата се сомнева дека членовите на организираната група ги поделиле парите добиени од проституција.
При претрес на становите и другите простории што осомничените ги користеле, биле пронајдени 203.000 динари, 3.200 евра, 39 мобилни телефони, 3 лаптопи, кои веројатно биле користени за евиденција на девојките кои даваат сексуални услуги, евиденција за заработените пари, за времетраењето на давање на сексуални услуги.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.
извор: Република