Убиен 27 годишен маж утрово во Белград

Маж (27) е убиен утрово нешто пред четири часот на аголот од улицата Устаничка и Грчиќ Миленко , откако се здобил со убодни рани со нож во пределот на градниот кош. Во истиот инцидент избоден е и 23-годишен маж кој со повреди на раката е пренесен во Ургентниот центар.

Доктор Владимир Синѓелиќ од Итната помош изјави дека примиле два повици за интервенција на истото место.

„ Првиот пат се случи сообраќајна незгода околу 03:00 часот, кога стигнавме, пронајден е само автомобил . Еден час подоцна на истото место имало физички напад со нож. 23-годишен маж се здобил со расекотини, додека 27-годишен маж се здобил со убодна рана со нож во пределот на срцето и починал на лице место“, изјави д-р Синѓелиќ.

Тој додаде дека во текот на ноќта имало пет сообраќајни незгоди, а итните служби имале 120 интервенции. На помош најмногу се јавиле хроничните и кардиоболните.

4news.mk