Ужас во Нови Сад – Млада брачна двојка си ги убила децата, па се самоубиле со скокање од 17-катница

Млада брачна двојка од Нови Сад која синоќа се самоуби скокајќи од зграда, претходно си ги убила сопствените деца.

Српските медиуми јавуваат дека во куќа во Петроварадин биле пронајдени тела на две деца на возраст од една и од три години. Тие биле идентификувани се врз основа на отпечатоци од прсти.

Двојното самоубиство кое синоќа го потресе Нови Сад го извршиле М.П.С.(23), како и мажот Л.П.С. (21). Тие заедно скокнале од 17 кат на зградата.

Телата на двајцата млади се испратени во Институтот за судска медицина, каде ќе се врши обдукција.