Украина: Градоначалникот на Мелитопол, Федоров, ослободен во размена со 9 заробени руски војници

Градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, кој беше киднапиран од Руската армија во Украина, е ослободен во размена со 9 заробени руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Дарија Заривнаја, портпаролката на Кабинетот на претседателот на Украина, во изјавата за една локална телевизија рече дека градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, е ослободен во размена со 9 заробени руски војници.

„Иван Федоров е ослободен. Во размена за него, Русија зеде 9 војници родени 2002-2003 година. Тоа се, всушност, деца“, нагласи Заривнаја.

Украинските власти вчера соопштија дека е ослободен градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, кој беше киднапиран од Руската армија на 11 март.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски побара помош од претседателите на некои земји за ослободување на Федоров.

извор:Агенција Анадолија (АА).