Унгарија предложи Будимпешта да биде платформа за преговори меѓу Русија и Украина и засега тоа не е одбиено, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто.
„Вечерва му се јавив на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, а потоа и на шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андреј Јермак и им кажав дека Унгарија и Будимпешта се подготвени да ги примат двете делегации. Подготвени сме да обезбедиме место за преговори во безбедни и правични услови со цел што поскоро да се воспостави мир во нашиот регион. Двајцата соговорници се заблагодарија за предлогот. Ниту еден од нив не го одби. Посочија дека е неопходно да се продолжат внатрешните преговори. Се надевам дека преговорите ќе започнат каде било што е можно поскоро“, напиша Сијарто на Фејсбук.
Претходно како можни места за преговори се споменуваа Минск и Варшава.