Утринава минусни температури во Македонија, 40 сантиметри снег на Попова Шапка

Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор  и во Гевгелија.

До 7 часот утринава највисока снежна покривка е измерена на Попова Шапка, и тоа 40 сантиметри, 27 сантиметри во Маврови и 5 сантиметри во Крушево.

Во продолжение, на табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени ова утро до 7 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

 

 

 

meteoalarm.mk