Денеска (21.12.2024) околу 12.20 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги во содејство со полициски службеници од СВР Куманово на бул. „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово ги лишија од слобода Е.П. (31) од Скопје и Д.С. (41) од Кочани, кои биле барани поради бегство од затвор. Е.П. бил баран по потерница од КПУ Затвор Штип, а бил осуден на затворска казна од девет години за кривично дело по чл.418 од КЗ (криумчарење мигранти) и за доиздржување има шест години, три месеци и 12 денови. Д.С. бил баран по потерница од КПУ Затвор Струмица, а бил осуден на затворска казна од седум години за кривично дело по чл.236 ст.1 од КЗ (тешка кражба) и за доиздржување има една година. Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.
Related Posts
Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, пронајдени производи со изминат рок
Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со…
Судењето за напаѓачот на Пендиков одложено за 5-ти април
Главната расправа од судењето за напаѓачот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков одложена за 5-ти април. Денеска…
Делчев: Непристоен беше Џафери во СВР Тетово, подалеку политиката од полицијата
Претседателот на Незавсиниот полициски синдикат, Гоце Делчев упати силна осуда кон техничкиот премиер Талат Џафери поради неговото, како што рече,…