На 18.12.2024 околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, а кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица. И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната. Додека, Е.И. бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните.
Related Posts
Се зголемуваат цените на горивата
Кај сите горива од вечерва на полноќ ќе има поскапувања, одлучи регулаторна комисија. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за…
МКД.МК: Се враќа шверцот со цигарите во Македонија, овојпат од грчките фришопови
Цигари „винстон“, „марлборо“, „вест“, „оме карелиа“ и други, без бандероли, со написи на англиски, сѐ почесто лесно се наоѓаат во…
Од петок повисоки цени на цигарите, пурите и цигарилосите
Со одлука на владата на 05.10.2023 година донесени и објавени се измените и дополнувањата на Законот за акцизите кои на…