„Вашингтон пост“ објави дека агентите на ФБИ барале документи во врска со нуклеарното оружје кога го пребарале домот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Флорида оваа недела. Претходно, Министерството за правда на САД побара од судијата да го објави налогот за претрес што ФБИ го користеше при претресот на комплексот на Трамп на Флорида. Не е јасно дали таквите документи се пронајдени во претресот на 8 август. Извештајот не можеше веднаш да биде потврден. Веста за потрагата ја разбранува американската политика, бидејќи Трамп, републиканец, се подготвува за можна изборна кампања за претседателската функција во 2024 година. Тој и неговите републикански сојузници ја прикажаа потрагата како чин на политичка одмазда.
Радио Слободна Европа