Финансиската полиција и ОЈО по допрен глас ќе го „чешлаат“ Скопски водовод

Тимови на Финансиска полиција и Јавното обвинителство за организиран криминал по допрен глас вчера влегле во ЈП Водовод, за да го проверат тендерот за пречистетелната станица.

Ваквата информација ја сподели и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а во изјава за медиумтие ја поврди и новиот директор Марјанчо Митовски, кој сепак, тврди дека постапката на никаков начин не е загрозена и евалуацијата на понуди продолжува, без никакво мешање од негова страна, објави Канал 5.

Сомнежите за овој тендер беа причината за разрешувањето на директорот Перински, а градоначалничката Арсовска очекува истрагата да ги расчисти сите дилеми..

-Со меѓународните тендери треба да се работи внимателно, бидејќи и порано се работело со странски пари, па сега одат луѓе по судови заради провизии. По мои информации, од вчера е влезена финансиска полиција и ОЈО за организиран криминал. Си постапуваат по допрен глас – Порача Арсовска.

Превирањата во Водовод продолжија и деновиве, откако на околу 100-тина времено вработени, во најголем дел во времето на Пирински, им завршија договорите, а нови нема да им бидат понудени, додека не се провери колку од вработувањата биле оправдани. Синдикалците уверуваат дека сите си ја работале работата како што треба и побараа Арсовска да им ги продолжи договорорите.

 

Текстот во целост на: Канал 5.