Аксел Роуз на последниот концерт во Австралија го фрли микрофонот во публиката и погоди една од обожавателките. Пејачот ја погоди Ребека Хов која заврши со модрици на лицето и исекотини на носот. Фрлањето микрофони му е рутина, а досега не се случило да погоди некого.
По инцидентот рече дека повеќе никогаш нема да го прави тоа.
„Не сакаме никој да биде повреден на ниту еден од нашите настапи каде било. Бидејќи повеќе од 30 години фрламе микрофон на крајот од настапот, секогаш сме чувствувале дека тоа е позат дел од самиот крај на настапите и дека фановите тоа го сакаат. Без разлика, во иднина ќе се воздржиме кон фрлање работи кон публиката за време на нашите настапи“; напиша Роуз на „Твитер“.
Додаде и дека некои од новинарите настојувале да ги искриват извештаите за инцидентот во негативно светло.
info.mk