Пратеникот во македонското Собрание од редовите на Левица, Димитар Апасиев објави фотографија од неговиот автомобил кој бил оштетен.
Апасиев напиша дека некој му ја оштетил „Алфата“ на собранискиот паркинг и си отишол.
„Ми ја изгребал Алфата на СОБРАНИСКИОТ ПАРКИНГ и си отишол!? Ете, така заврши еден прекрасен пратенички ден“, напиша Апасиев.
извор: ФБ Димитар Апасиев