По Министерството за надворешни работи, и Владата вечерва е во боите на Европската Унија.
„Денес во Брисел запишавме ново поглавје во македонската историја и ветуваме дека забрзано ќе чекориме кон дополнителен развој и стабилност за сите наши граѓани. Европските вредности се наши вредности а пријателствата кои ги градиме создаваат нови културни мостови и можности за сите нас. Обединети сме во различностите и подготвени за ЕУ дома и Северна Македонија во ЕУ. Во таа чест вечерва зградите на Владата и Министерството за надворешни работи се обоени во боите на нашиот иден дом – Европската Унија. Нека ни е честито на сите!“, велат од ЕУ.
Министерот за надворешни работи (МНР) на Република Македонија, Бујар Османи објави фотографија на социјалните мрежи од зградата на МНР.
Зградата на МНР вечерва е обоена во боите на Европската унија (ЕУ).
„Зградата на Министерството за надворешни работи во боите на Европската Унија, како симболика на денешниот официјален почеток на пристапните преговори на Македонија и ЕУ“, напиша Османи.
извор: ФБ Влада
извор: ФБ Бујар Османи