Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на премиерот на Унгарија Виктор Орбан му го врачи Орденот на Република Србија на голем ѓердан за „вонредните заслуги во развојот и зајакнувањето на мирната соработка и пријателските односи меѓу двете земји“.
Вучиќ изјави дека Орбан бил со Србија, како што вели, во моментите кога било најтешко.
– Ви благодариме, господине Орбан, што секогаш ја имате на ум благосостојбата на Република Србија. Ви благодариме што во овие тешки моменти и во овие месеци кога секој се гледа во себе, најдовте сила да и помогнете на Србија да обезбеди побезбедна и потопла зима и иднина. Со гордост ви го доделуваме овој медал. Се надеваме дека ова, највисокото признание што Србија може да го даде, ќе биде потсетник за унгарскиот народ и за сите наши пријатели – кажа Вучиќ.
Орбан му се заблагодари на Вучиќ за признанието, велејќи дека Унгарците и Србите имаат заедничка мисија.
извор: ФБ Александар Вучиќ