Американскиот претседател Џозеф Бајден прогласи вонредна состојба во американската сојузна држава Калифорнија и нареди федерална помош бидејќи се соочува со ударот на уште една огромна бура, пишува The Independent.
Како што јави агенцијата Асошиетед прес, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом претходно прогласи вонредна состојба во 21 округ, а пред тоа прогласи во уште 13. Тој побара и федерална помош од Бајден.
Масивна атмосферска река истура натпросечни количества дожд во Калифорнија, која се справува со поплави и брзо топење на снегот во областите кои сè уште се под густа снежна покривка – „наследство“ од претходните бури.
Најновата атмосферска бура, наречена „Ананас експрес“, бидејќи со себе носи суптропска влага од Тихиот Океан, најверојатно значително ќе ја погоди северна и централна Калифорнија.
Во повисоките делови на северна Калифорнија и во Сиера Невада ќе има обилен, влажен снег, објави Националниот хидрометеоролошки центар, а пренесува Индепендент.
Асошиејтед прес јавува дека евакуациите се во сила денеска во северна Калифорнија, каде што новото невреме во ниско ниво донесе обилни дождови, грмотевици и силен ветер, надојдени реки и потоци и поплави неколку главни автопати во раните утрински часови.
nova.rs