(ФОТО) Елена Псалтиров го освои првото место на танцовиот натпревар “Grand Prix Polski” во Лублин

Во светлината на Христовото воскресение и на големиот празник Велигден, нашето македонско девојче Елена го подигна пехарот, освојувајќи го првото место на танцовиот натпревар “Grand Prix Polski” во Лублин. Победата ја понесе во конкуренција на претставници од најдобрите танцови клубови од цела Полска, во категорија на возраст од 12 до 15 години, во латино и стандардни танци, напиша на својот ФБ профил Илија Псалтиров – економски советник на Владава во Варшава, од каде покрај Полска, ги покрива и останатите земји од групата Вишеград, како што се Чешка, Словачка и Унгарија.

извор: ФБ Илија Псалтиров