(ФОТО) Искршено и демолирано возилото на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева

Искршено и демолирано е возилото на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано.
Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали, пишува Митева на Фејсбук и додава:

Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има.

 

извор: ФБ Марија Митева