Во тек е сенародниот протест пред Владата на кој граѓаните на Македонија го искажуваат незадоволството од францускиот предлог. Протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам” го поддржаа повеќе политички партии и граѓански организации. Тие се против тоа Владата да го потпише францускиот предлог кој, како што истакнуваат, е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.
Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.
На протестот граѓаните со пароли и транспаренти како и скандирајќи „оставка“, го искажуваат својот револт против францускиот предлог.
На еднен плакат е прикажан премиерот во фашистичка униформа, а на друга пишува „Ултиматум не благодарам“.
фото: NEWS1.MK