ПЕЈАЧОТ Сем Смит го привлече вниманието на доделувањето на наградите Брит во О2 Арената во Лондон.
Имено, тој се појави во латекс костим со необичен облик, а набрзо следеа бројни реакции на социјалните мрежи. „Некој е очаен за внимание“, „Колку е понижен овој човек“, „Грозен“, се само дел од коментарите на Твитер.
Смит не се задржува на критиките и неодамна изјави дека конечно се чувствува добро во сопствената кожа по години страдање од нарушување наречено телесна дисморфија.
index.hr