(ФОТО) Македонско знаме се вее на тераса во Пловдив, Бугарија

Македонското знаме веќе неколку денови се вее од тераса на зграда во населбата Мал Париз во Пловдив, Бугарија, пренесе бугарскиот портал ТрафикЊуз.

Фотографии од знамето масовно се споделуваат на социјалните мрежи и предизвикаа еден куп негативни реакции кај бугарскиот народ.

„Можам само да замислам што ќе се случи со мене ако ставам бугарско знаме да се вее во Македонија“, напиша еден корисник на Фејсбук.
Друг му одговара:

„Пробај да закачиш бугарско знаме во Македонија и веднаш ќе изедеш голем ќотек. А ние овде си молчиме“.

Трет корисник на социјалните мрежи, пак, открива дека го познава сопственикот на станот на чија тераса се вее македонското знаме среде Пловдив.

Тој вели дека сопственикот е Македонец и дека таму живее долги години, но дека сега за првпат се случува да закачи македонско знаме на терасата.

 

plusinfo.mk